Филаделфија остана перфектна дома, Бостон е главен во неговата сала (Видео)

Бостон го победи Торонто со 123:116, во најдраматичниот меч одигран ноќеска во НБА лигата. Дуелот мораше да се решава во продолженија, откако по регуларниот дел беше 107:107. Торонто во поголем дел од мечот беше во предност, но Бостон не се предаде. на 25 секунди до крајот од четвртата четвртина израмни, а потоа го одбрани последниот напад на гостите.

Кајл Ирвин беше најзаслужен за победата на Бостон. Предводникот на домаќините заврши со 43 поени и 11 асистенции. Кога беше најпотребно токму Ирвин погодуваше. Во последните 8 минути од последната четвртина даде 17 поени и му го нанесе третиот пораз по ред на Торонто.

Предноста на домашен терен максимално ја искористува и Филаделфија. „76-ките“ се единствен тим со максимален учинок на свој терен. Во осмиот меч ја забележаа осмата победа, а овојпат беа подобри од Јута со 113:107.

Резултати: Бостон – Торонто 123:116, Индијана – Мајами 99:91, Филаделфија – Јута 113:107, Вашингтон – Бруклин 104:115, Мемфис – Сакраменто 112:104, Минесота – Портланд 112:96, Њу Орлеанс – Њујорк 129:124, Милвоки – Чикаго 123:104.

 

 

- Оглас -

Најнови вести