Ракометниот бундеслигаш Вецлар објави дека го раскинале договорот со 27-годишниот македонски репрезентативец Филип Кузмановски.
Популарниот Фитиљ имаше договор до крајот на сезонава, но двете страни се согласиле дека е подобро уште сега да се разделат. Кузмановски на 27 меча даде 25 гола.
„Договорот е раскинат со согласност на двете страни. Филип побара да му дозволиме да си замине и ние се согласивме, затоа што, за жал, тој не ги исполни целосно спортските очекувања. Му благодариме за посветеноста и му посакуваме среќа во иднина“, објаснуваат од Вецлар.