„Филип Втори“ оди во историјата, Националната арена од денеска е „Тоше Проески“

Владата на Република Македонија денеска донесе одлука да се преименува стадионот „Филип Втори“ во „Тоше Проески“.

„Утрово, на редовната 129-та седница на Владата донесовме одлука за преименување на стадионот во Национална арена ’Тоше Проески’ во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионалната современа историја“, соопшти Владата, а пренесува порталот „Сакам да кажам“.

Од 2009 година Националната арена во Скопје го носи името на познатиот војсководец „Филип Втори“, во период од две години, во 2016 и 2017, беше преименуван и ребрендиран како „Телеком арена“, а од денеска го носи името на прерано починатиот музички бисер Тоше Проески.

 

 

- Оглас -

Најнови вести