Филмски пресврт на „Кинг Конг“: двапати беше во нокдаун, па го нокаутираше противникот (Видео)

Кубанскиот ветеран Луис „Кинг Конг” Ортиз го нокаутираше Американецот Чарлс Мартин во боксерска битка во тешка категорија која се одржа во Флорида.

Во прва и четврта рунда, 42-годишниот Ортиз беше во нокдаун, но тоа не гио разниша, продолжи да боксува, и во шеста рунда, тој со удар со левата рака го нокаутираше Мартин. Борбата продолжжи, но Ортис го докрајчи соперникот и дојде до победа со технички нокаут.

После оваа победа, Ортиз стана предизвикувач за светската титула во ИБФ верзијата. По завршувањето на борбата, во рингот за малку ќе дојдеше до нова физичка пресметка на боскерите, откако Мартин му дофрли нешто на Кинг Конг, а овој го оттурна.

Ортиз во кариерата има само два порази, двата од Дионте Вајлдер.

https://twitter.com/i/status/1477504169724555266

- Оглас -

Најнови вести