Финалето не се пропушта – Типувајте го последното коло од првата сезона на Спортска прогноза

Играта што привлече многу внимание, а ја организираат Спорт Манија и обложувалниците Sport Life, стигна до самиот финиш во првата сезона. Спортската прогноза влезе во финалната рунда, а од завчера во тек е последното коло .

Сè уште не е доцна да одиграте и да ги погодите основните 13 двојки за главната награда „iPhone XS“, а по него на менито е и убавецот на „Самсунг“, мобилниот телефон „Samsung galaxy А6“.

Тука се и ваучерите и наградите за Генералниот пласман, каде што се бие неверојатно изедначена и возбудлива трка за врвот.

Последното коло, или 17-то за сезоната 2018/19, ќе почне во сабота, во 15.30 часот со мечот од  Бундеслигата меѓу Хофенхајм и Вердер, а до тој термин можете да учествувате со свои прогнози во финалната рунда.

Како и секогаш, во понудата од 13+2 меча има интересни фудбалски пресметки. Едната од нив е меѓу Дерби и Лидс во баражот од полуфиналето за влез во Премиер лигата.

Во сабота има уште два меча, едниот меѓу Амиен и Тулуз во Франција и дербито во Фиренца меѓу Фиорентина и Милан. Домаќините немаат победа на последните 13 натпревари што ги одиграа, па ќе се обидат тоа да го сторат против гостите од Милано, кои се борат за ЛШ.

Недела ќе започне во знакот на фудбалот, а од 13 часот ќе се игра „Олд фирм“ дербито на Шкотска меѓу Глазгов ренџерс и Селтик. Ќе биде вистински предизвик да се типува точно на овој дуел меѓу два тима што имаат меѓусебни мечеви во три различни века.

Во недела има и два дуели од 16 часот во Премиер лигата и три од шпанската Ла Лига од 18.30 часот. Шлаг на тортата во вечерните термини ќе бидат дерби-дуелите меѓу Рома и Јувентус и во Франција меѓу Марсеј и Лион.

Последниот 13-ти меч ќе се игра во понеделник, во Серија А меѓу Болоња и Парма.

Многу е важно добро да се истипуваат и резервните двојки, бидејќи има голема битка за главните награди и во Генералниот пласман.

На „клупата за резерви“ овојпат ни се дуелите меѓу Ница и Нант и Атлетико Мадрид против Севилја, но и резервите можат да бидат значајни џокери во трката по главната награда електричен тротинет, потоа и за велосипед Capriolo passion men и за ваучерите од 1.000, петстотини и двеста денари.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести