Финале пред финале: Вардар против Барселона на Ф4 во Келн

Македонскиот ракометен првак Вардар ќе игра против Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите, одлучи денешната ждрепка. Дуелот против Барселона ќе биде на 1 јуни, на традиционалниот фајлнфор турнир во Келн, во „Ланксес арената“. Истиот ден ќе се игра и второто полуфинале во кое ќе се сретнат Веспрем – Кјелце.

Победниците од овие два меча на 2 јуни ќе играат во мечот за нов европски владетел.

Во полуфиналето на 1 јуни ќе играат:

Прво полуфинале: Барселона – Вардар ќе се игра во 17:15 часот

Второ полуфинале: Веспрем – Кјелце ќе се игра во 20 часот.

Вардар третпат во низа е меѓу најдобрите четири клуба во Европа. Во 2017 година, „црвено-црните“ го покорија Стариот Континент и покажаа дека се најдобар клуб. Минатата сезона Вардар во полуфиналето играше против Монпелје и загуби само со еден гол разлика. Подоцна францускиот тим стана европски владетел.

Според прогнозите, Вардар е втор фаворит за трофејот, зад Барселона, но пред Веспрем и Кјелце.

- Оглас -

Најнови вести