УЕФА исклучи клуб од Лигата на конференции поради местење

Европската фудбалска унија (УЕФА) го исклучи азербејџанскиот клуб Туран Товуз од следната сезона на Конференциската лига поради вмешаност на играчите на тој клуб во местење натпревари во минатото.

Клубот од Товуз објави дека ќе се жали до Спортскиот арбитражен суд.

Минатата сезона Туран го освои третото место во првенството на Азербејџан и се квалификува за второто коло од квалификациите во Конференциската лига. Ждрепката за тоа натпреварување ќе се одржи за две недели, додека првите натпревари се закажани за 23 јули.

Според правилата на УЕФА за учество во Конференциската лига, клубовите не смеат да бидат директно или индиректно поврзани со местење домашни или меѓународни натпревари во претходните десет години. Туран Товуз има седуммина играчи кои биле суспендирани од Фудбалската асоцијација на Азербејџан во 2019 година поради вмешаност во местење натпревари.

- Оглас -

Најнови вести