Финале со многу политика – Омилениот тим на Хезболах го победи миленикот на севернокорејската армија

Тимот на Ал-Ахед што е во тесна врска со Хезболах ја освои титулата во финалето на АФЦ-купот во Азија со победа од 1:0 против Април 25, клуб што е основан од армијата на Северна Кореја.

Ганецот Иса Јакобо со гол во 74-тата минута го одлучи победникот во историски меч, што веројатно и никогаш досега не се случил.

Политиката беше длабоко вмешана во финалниот меч на второто по ранг клупско натпреварување во Азија, а се одржа во Куала Лумпур.

Првично беше предвидено да се игра во Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, и тоа на втори ноември, но беше донесена одлука да се премести во Кина, во Шангај. И таа одлука не беше конечна, па заради можни тензии, финалето се одигра денеска, на сосема неутрална територија во Куала Лумпур, главниот град на Малезија.

Хезболах и не крие дека има тесни врски со шампионот Ал-Ахед, а жолто-зелената боја на дресовите и поддршката од шиитската заедница во Либан се познати факти кои јасно ја покажуваат конекцијата меѓу клубот и движењето, кое од неколку земји е потенцирано како терористичка организација.

И на спротивната страна имаше многу политички примеси, а Април 25 е клуб на армијата на Северна Кореја. Сите фудбалери се офицери во армијата на оваа земја и се дел од спортското друштво на војската на Северна Кореја.

- Оглас -

Најнови вести