Финалето на грчкиот куп веројатно ќе се игра во Волос, без публика

Фудбалската федерација на Грција донесе одлука финалето на Купот на нашиот јужен сосед да се игра на 24-ти мај во Волос и тоа без публика, за да се избегнат инциденти.

За секој случај, има и План Б, ако не е можно да се игра ни на стадионот во Волос на кој во 2004 година се играа мечеви од Олимписките игри, финалето помеѓу атински АЕК и солунски ПАОК може да се презакаже за друг термин и да се игра во албанскиот град Елбасан.

Имаше опции финалето на грчкиот куп да се игра во Полска или Кипар. Кипраните откажаа од безбедносни причини, и затоа е решено да се игра во Волос. На трибините ќе има мал број (по 20 покани за секој клуб и 50 за спонзорите и луѓето од фудбалската федерација) луѓе кои ќе добијат специјални покани, а се размислува и варијантата да има и одреден број деца до 13 години.

- Оглас -

Најнови вести