Финалето на шпанскиот куп ќе се „игра“ на балконите во Баскија

Фановите на Атлетик Билбао и Реал Сосиедад се подготвуваа за патување во за нив далечната и не баш омилена Севилја, каде на 18-ти април требаше да се игра финалето на шпанскиот куп, но поради коронавирусот, тој меч помеѓу баскиските ривали е одложен и ќе се игра во некој друг термин. Двата клуба повеќе од 30 години чекаат на освојување на овој трофеј.

За да не им биде здодевно, навивачите преку социјалните мрежи се договараат на 18-ти април, да излезат на терасите во Билбао и Сан Себастијан, и да истакнат знаме на својот сакан клуб.

Според планот, „Дербито на балконите“ треба да почне во 13.30 часот, со пеење на клупските химни и уживање со пијалок и мезе. Вечерта ќе го има задолжителниот аплауз за здравствените работници, ново пеење на химните, а на крај заеднички ќе пејат една позната баскиска песна, „Чорија Чори“ во која се пее за слободата и љубовта.

- Оглас -

Најнови вести