Финалистите во Купот на Италија нема да бидат во најсилните состави

Јувентус и Наполи на своите терени одиграа само нерешено против Милан и Интер, но и тоа им беше доволно да ги елиминираат миланските гиганти, во полуфиналето од Купот на Италија. Старата дама одигра без голови против Милан, а на тимот на нашиот Елиф Елмас доволно му беше 1:1 против Интер за радост и пласман во финалето.

Мечот за титулата во Купот ќе се игра во среда, а двата тима имаат проблеми околу составот. Јувентус ќе биде без Гонзало Игуаин, Арон Рамзи и Џорџо Кјелини, кои не играа и во претходниот меч против Милан. Според тоа, во нападот на Јуве ќе бидат Кристијано Роналдо и Пауло Дибала, а зад нив треба да бидат Даглас Коста и Федерико Бернардески.

Наполи во финалето ќе биде без суспендираниот прв голман Давиде Оспина, а повреден е Костас Манолас.

- Оглас -

Најнови вести