Финска си го оствари сонот и за првпат во историјата ќе игра на ЕП

Финска си го оствари сонот и првпат во историјата ќе игра на Европското првенство. Финците на домашен терен го совладаа Лихтенштајн со убедливи 3-0 и го запиша шестиот триумф во квалификациите со кој го потврдија второто место во групата Ј.

Домаќините ја оправдаа фаворитската улога и уште во првите дваесетина минути од средбата го отворија резултатот преку Туминен, додека Пуки со двата гола во вториот дел ги разреши сите дилеми, ако воопшто претходно постоеле.

Финска на континенталниот собир ќе се појави како втора репрезентација која обезбеди пласман од групата Ј, додека Италија со максимални осум победи од претходно го обезбеди своето учество.

Норвешка славеше со убедливи 4-0 против Фарските Острови, Грција запиша почесна победа со минимални 1-0 на гостувањето кај Ерменија.

- Оглас -

Најнови вести