Поранешниот фински хокеар Јане Пухака (30) е пронајден мртов во својот дом, а полицијата има отворени сомнежи дека убиството го извршил неговиот партнер Ролф Нордмо (66).
Според информациите од медиумите во Финска, Пухака бил убиен со сачмарка, а оружјето било законска сопственост на Нордмо.
Веднаш по пронаоѓањето на телото, полицијата го уапсила Нордмо, додека истрагата за овој трагичен случај е во тек.
Пухака играл хокеј во неколку клубови во Финска и во Франција, а бил и фински репрезентативец во селекцијата до 18 години.