Фиорентина, а не Наполи е тимот во најдобра форма во Серија А, Виолетовите му зедоа мерка и на Интер (Видео)

Фудбалерите на Фиорентина продолжуваат со одличните игри во последно време и на „Џузепе Меаца“ ја остварија петтата победа по ред во Серија А, а вкупно се во серија од 10 меча без пораз во сите натпреварувања. Интер пак, го претрпе третиот пораз по ред во Серија А.

Виолетовите пред четири кола го совладаа и вториот тим од Милано, Милан со 2:1.

Фиорентина е единствен тим во Серија А кој славеше на последните пет меча, дури и лидерот Наполи на кого му се насмевнува шампионската титула, нема ваква победничка серија поради поразот во дербито против Лацио (0:1).

Последна жртва на Виолетовите е Интер кој е совладан со 0:1. Со новата победа, Фиорентина се искачи на осмото место на табелата со 40 бода, еден помалку од Јувентус, а седум помалку од Рома која се наоѓа на позиција која носи пласман во европските купови.

Стрелец на единствениот гол беше Џакомо Бонавентура во 53-та минута.

Интер можеше да се спаси од пораз, но Ромелу Лукаку е далеку од формата од пред две години кога беше најдобар стрелец во Серија А и на Интер му ја донесе шампионската титула. Тој од пет метри, не успеа да ја затресе мрежата на голот на Терачано.

 

- Оглас -

Најнови вести