Фиорентина гази во Европа, против турскиот тим ја оствари седмата победа по ред во Лигата на конференции

Фудбалерите на Фиорентина продолжуваат да прикажуваат одлични игри и резултати во Конференциската лига и вечерва ја остварија седмата победа по ред во ова натпреварување.

Италијанскиот тим победи на последните четири натпревари во групната фаза, а славеше и во двата меча во нокаут-фазата против Брага.

Последна жртва на Виолетовите е турскиот тим Сиваспор кој е совладан со минимални 1:0. Единствениот гол го постигна Барак во 69-та минута.

Предност по првиот натпревар оствари и Лех кој пред своите гледачи со 2:0 го совлада Дјургарден. Милик во 39-та и Марчвински во 82-та минута беа стрелци на двата гола за полскиот тим.

Гент и Башакшехир одиграа 1:1 во првиот натпревар, а двата гола беа постигнати во првите 35 минути од мечот. Гостите поведиа преку Окака, а Орбан го постави конечниот резултат.

Најефикасно беше на дуелот што се играше во Швајцарија каде Базел и Слован Братислава одиграа 2:2. Базел поведе уште во шестата минута преку Амдуни, но Слован 11 минути подоцна израмни преку Медведев. Домаќинот повторно поведе и тоа преку Зекири во 40-та минута,но Абубакари во вториот дел не дозволи Слован да загуби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести