Фиорентина прва му посака добредојде на Ибра во Италија, еден детаљ кажува сè

Златан Ибрахимовиќ донесе одлука својата кариера да ја продолжи во италијански клуб, а со 99,9 проценти сигурност може да се каже дека тоа ќе биде Милан, во кој Швеѓанецот веќе играше во минатото. Сите индиции одат кон тоа дека популарниот Ибракадабра повторно ќе биде член на Росонерите, а најновата дојде од ривалот Фиорентина.

„Се гледаме наскоро ви Италија. Одам во тим кој мора повторно да почне да победува, да се врати на патеките на старата слава“, рече Ибрахимовиќ.

Неколку часа подоцна реагираа од Фиорентина, кои на нивниот официјален „Твитер“ на англиски јазик му посакаа добредојде на Ибра и порачаа дека се радуваат што ќе се врати во Италија.

Но, ова не значи дека Златан ќе игра за Виолетовите. Тие на фотографијата која ја објавија потсетија на еден стар дуел на Милан и Фиорентина. Ибрахимовиќ нема дрес, но на гаќичките се гледа амблемот на Милан, па во Фиорентина одвај чекаат да играат против Росонерите со Златан во составот.

- Оглас -

Најнови вести