Фиренца слави, Фиорентина го изедначи најтешкиот пораз на Јуве на „Алијанц стадиум“

Победата на Фиорентина од убедливи 3-0 на гостувањето кај Јувентус е еден од најтешките порази на најтрофејниот италијански тим во последната деценија на негов терен.

Јуве е тим кој ретко губи во Серија А, а уште поретко со три гола разлика. Пред вечерашниот пораз од Виолетовите од Фиренца, Старата дома последен пат како домаќин била поразена во лигашки меч со три гола разлика во јануари 2011 година, и тоа од Парма. Тогаш Парма победи со 4-1.

Фиорентина е единствен гостински тим кој двапати победил на „Алијанц стадиум“ (славеа и во купот во 2015 година), а со 3-0 на овој стадион против Јуве победил само уште Реал Мадрид во меч од Лигата на шампионите во 2018 година. Во Серија А вечерашниот пораз е најубедлив за Бјанконерите на нивниот нов стадион.

- Оглас -

Најнови вести