Фјури го претепа Шварц, па запеа хит од Аеросмит (Видео)

Американскиот боксер Тајсон Фјури, во втората рунда со техникиот нокаут го среди Том Шварц од Германија. Германецот се покажа како недостоен ривал. Фјури за две минути со серија удари го претепа ривалот, па судијата ја прекина борбата.

Погледнете ја канонадата од удари:

Сега Фјури има 28 победи во кариерата (има и една нерешена), додека за Шварц е прв пораз после 24 победи по ред. Следна цел на Фјури му е кон крајот на септември или почетокот на октомври, да има нов меч, додека за следната 2020 година, планира реванш со Донте Вајлдер.

После мечот, добро расположениот Фјури запеа позната песна од групата „Аеросмит“:

- Оглас -

Најнови вести