Сабаленка објасни зошто загуби 10 гејма по ред и беше елиминирана од Ролан Гарос

Арина Сабаленка пропушти уште една шанса да стигне до првата титула на Ролан Гарос откако во вчерашното четвртфинале го претрпе еден од најтешките порази во кариерата. Првата тенисерка на ВТА-листата и главна фаворитка за трофејот во Париз беше елиминирана од сонародничката Дијана Шнајдер со 6:3, 5:7 и 0:6.

Ваквиот пораз е чудо затоа што Сабалекна водеше со 1:0 во сетови, а во вториот сет имаше предност од 4:1 со два брејка предност. Сепак, потоа се случи неверојатен пресврт. Шнајдер, која беше аутсајдерка во овој меч, ги освои следните 10 гејма по ред, па од бездната и речиси сигурна елиминација, на крајот ја победи главната фаворитка.

Сабаленка остана во неврување како не успеа да победи, а потоа се обиде да најде објаснување зошто загуби.

„Не знам кога последен пат ми се случило да загубам 10 гејма по ред. Мислам дека ментално паднав во многу длабока и мрачна дупка и едноставно не успеав да се вратам во вистинскиот ритам“, рече Сабаленка.

До четвртфиналната пресметка Сабаленка немаше загубено ниту еден сет, но едноставно самата вели дека не била во посакуваниот ритам. „Дури и додека победував, играв многу „валкан“ тенис“, додаде Сабаленка.

- Оглас -

Најнови вести