Мексико, кој е еден од трите земји домаќини на Светското првенство кое започнува за седум дена, се најде во центарот на еден проблем поврзан со јапонската фудбалска репрезентација. По доаѓањето во базата во Монтереј, Јапонците биле непријатно изненадени од тоа во каква состојба се наоѓа теренот на којшто треба да тренираат и да се подготвуваат пред почетокот на Мундијалот.
Јапонците биле толку револтирани што се заканиле дека дури размислуваат да си заминат од земјата. Тие требаше да останат и да тренираат во модерниот тренинг-центар „Тигрес“ (CET), комплекс во кој локалните организатори инвестирале многу пари за да го адаптираат според строгите стандарди на ФИФА. Сепак, според извештаите на мексиканските медиуми, теренот бил во катастрофална состојба, практично уништен и целосно несоодветен за тренинг на врвни спортисти.
Јапонците биле шокирани и одлучиле да не тренираат на таков терен. Главната причина била загриженоста за здравјето на играчите и стравот од повреди што би можеле да им ги уништат соништата дури и пред првиот натпревар.
🇲🇽⚠️ Bad image for Mexico in front of the world…
🇯🇵 Japan’s national team reportedly faced poor conditions at Tigres’ facilities, which were rented for their World Cup preparations. 😬🏟️
👀 The situation reportedly escalated to the point where Japan was close to leaving the… pic.twitter.com/QPpk7YdeOV
— NextMex (@NextMexOficial) June 4, 2026
За тим познат по својата дисциплина, кој изненади со победи против Германија и Шпанија на последното првенство во Катар, секој детаљ е клучен. Ризикот од повреди поради лошата инфраструктура беше неприфатлив.


