Фјури и Вајлдер почнаа со туркање, ќе завршат со боксерски спектакл во недела наутро (Видео)

Бурна беше прес-конференцијата пред мечот меѓу Тајсон Фјури и Донтеј Вајлдер и имаше и навреди и туркање, а сè треба да заврши во недела наутро, со боксерски спектакл во МЏМ „Гранд гарден арената“ во Лас Вегас.

Ова ќе биде римеч на дуелот од декември 2018 година, кога немаше победник по прегласувањето на судиите. Едниот од нив му додели победа на Вајлдер со 115:111 во поени, вториот пресуди дека Фјури бил подобар со 114:112, а третиот донесе баланс со одлука 113:113, па Вајлдер си ја задржа титулата.

Пред реваншот на вообичаената прес-конференција, Бронзениот бомбардер, како што му е прекарот на Вајлдер, и кралот на Ромите, како што го нарекуваат Фјури, за малку ќе се истепаа.

Мечот ќе почне во 5 часот наутро, а како загревање можете да ја погледнете прес-конференцијата на Вајлдер и Фјури.

https://twitter.com/MichaelBensonn/status/1230252286812839936?s=20

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести