Фјури најави пензија во 2020 година

Некогашниот светски првак во тешка категорија Тајсон Фјури, следната недела ќе дебитира во светот на кечерите каде што против Браун Строуман ќе ги одмери силите во спектаклот на ВВЕ. Британскиот боксер во престер на шоуто кое ќе се одржи во Саудиска Арабија, истакна дека кон крајот на 2020 година ќе се повлече од професионалнио бокс, со цел да се посвети на семејството.

Сепак, непоразениот Фјури пред тоа ќе го гледаме во рингот уште неколку пати, а потврди дека веќе се договорени два мега-дуели против ВБЦ шампионот Вајлдер.

„Се надевам дека следната година ќе се борам уште три пати. Против Вајлдер во февруари и во јуни, дури во декември да организирам „меч за последен поздрав“. Боксот е за помладите, не би сакал да се борам подолго од што морам. Мислам дека ќе биде добар тајминг да се повлечам, дома имам ќерка и сопруга кои ме чекаат, па би сакал повеќето време да го поминувам со нив“, истакна Фјури.

Популарниот „Крал на ромите“ досега нема пораз во кариерата, од вкупно 30 борби победи на 29, а последната негова битка токму против Валјдер заврши без победник.

- Оглас -

Најнови вести