Фјури против Вајлдер – репризата е закажана во февруари 2020

Британскиот боксер Тајсон Фјури потврди дека реваншот против Дејтон Вајлдер е закажан за 22 февруари 2020 година. Фјури и Вајлдер кон крајот на минатата година приредија спектакл кој беше означен како реми по судиската одлука, а репризата ќе се одржи во Лас Вегас.

Повеќето сметаат дека Фјури тој меч требаше да го добие, иако Вајлдер успеа двапати да го падне на земја, но не и да го нокаутира.

„Реваншот е потврден, закажан и потпишан. Сè е договорено, овојпат јас ќе бидам победник бидејќи не се враќам од тригодишна пауза исполнета со алкохол. Сега ќе бидам максимално подготвен“, истакна Фјури за „ББЦ“.

Кралот на ромите, како што се нарекува, последен пат се бореше во јуни, во мечот против Германецот Том Шварц, во кој победи со ноакут по две рунди.

Вајлдер, пак, потврди дека ВБЦ-титулата ќе ја брани во уште еден реванш, против искусниот Луис Ортис, пред да се сретне со Фјури. Британецот во меѓувреме најверојатно ќе договори борба со несудениот противник на Ентони Џошуа, Џерел Милер.

 

- Оглас -

Најнови вести