Фламенго не може да го ангажира Филипе Луис, затоа тука е Луис Фелипе

Фламенго сака да се врати на шампионските патеки и да конкурира за титулата во Бразил, што за последен пат ја освои пред 10 години, а менаџерот Жорж Жесус има одличен план.

Иако не успеа да го доведе Филипе Луис, Бразилецот од Атлетико Мадрид, сега понуда е испратена за Луис Фелипе, напаѓачот на Спортинг Лисабон.

Фелипе пристигна во Лисабон во јануари годинава, но не игра покрај стандардниот Бас Дост, па веројатно ќе си замине, а фаворит за негов ангжман е бразилскиот гигант.

Жесус сака да го врати во Бразил и Диего Коста и ако му успее намерата, тогаш Фламенго комотно може да конкурира за шестата титула бразилски првак.

Тимот што игра на легендарната „Маракана“ е вистински предизвик за секој фудбалер, а Фламенго покрај петте титули во Бразил, има еден пехар од Копа Либертадорес, три во бразилскиот куп и е рекордер со 35 титули во Кариока шампионатот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести