Флик е магнет за трофеи – Баерн го освои пехарот со циркузантски гол (Видео)

Џошуа Кимих постигна циркузантски гол за победа на Баерн од 3:2 против Борусија Дортмунд во меч од Суперкупот на Германија и со неговиот погодок во 82-рата минута Баварците го освоија пехарот.

Кимих упати удар кон голот на Борусија, па падна, а топката што ја одби голманот Хиц, го погоди во нога играчот на Баерн и влезе во мрежата на Милионерите.

Претходно Баерн водеше со 2:0 со головите на Толисо и на Милер во 18-тата и во 32-рата минута, а Борусија се врати во игра со погодоците на Брант во 39-тата минута и на Халанд во 55-тата минута.

Новиот пехар е петти за Баерн во ерата на Ханси Флик, а тренерот на Баварците е кормилар неполна година и веќе ги има во колекцијата пехарите од Лигата на шампионите, од Бундеслигата, од Националниот куп на Германија, УЕФА Суперкупот и сега и во германскиот Суперкуп.

- Оглас -

Најнови вести