Флик: Одигравме многу лош натпревар против Селта

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изрази незадоволство од настапот на неговиот тим во ремито 2-2 против Селта. Каталонците пропуштија предност од два гола, откако примија два погодоци во рок од пет минути.


Сепак, според германскиот тренер, неговиот тим одиграл слабо не само во тој период, туку и за време на целиот натпревар.

„Игравме многу лош натпревар. Не станува збор само за последните десет минути. Не ми се допадна нашиот настап во текот на целиот дуел. Направивме премногу грешки и немавме добра контрола над топката. Мораме брзо да се вратиме на нашето ниво. Немавме никаква контрола и не бевме самоуверени со топката. Им ја олеснивме работата на противниците“, изјави Флик.

Според информациите од Шпанија, веднаш по своето интервју по натпреварот, Флик заминал во соблекувалната и долго и остро ги критикувал своите играчи.

- Оглас -

Најнови вести