Флојд Мејведер ќе го плати погребот на Џорџ Флојд

Некогашниот американски боксер, Флојд Мејведер, објави дека ќе ги плати сите трошоци за погребот на Џорџ Флојд, 46-годишниот Американец чија смрт предизвика протести во САД против полициското насилство и расизмот, а на простетите на разни начини се приклучија и многу спортисти.

Мејведер понудил да ги плати сите трошоци за погребот кој ќе се одржи на 9 јуни во Хјустон, како и трошоците за комеморациите во Минесота и Северна Каролина. Семејството на покојниот Џорџ ја прифатило понудата на богатиот боксер кој својата кариера ја заврши без пораз во 50 борби во рингот.

Американските полицајци среде улица го убија Флојд со притискање на неговиот врат, иако тој им велеше дека не може да дише.

- Оглас -

Најнови вести