Флоренци истовремено е најбаксузниот и најсреќниот фудбалер

Велат дека на мечот од Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и Валенсија кој се играше во Милано дошло до „биолошка“ бомба од која Коронавирусот направи хаос во Италија, а потоа и низ цела Европа. Се појави интересна информација дека Алесандро Флоренци по заминувањето од Рома, зимава бил на чекор од трансфер во Аталанта, но на крајот сепак реши да премине во Валенсија.

Дали изборот му беше добар?

На прв поглед не, бидејќи Аталанта ја елиминираше Валенсија. Но, ако се гледа од агол на Коронавирусот, можеби да. Да играше за Аталанта, ќе беше во Бергамо, епицентарот на Коронавирусот. Сега е во Валенсија, каде што половина тим е заразен, но меѓу заразените не е Италијанецот Флоренци.

- Оглас -

Најнови вести