Фоњини го растури Надал на земјена подлога

Фабио Фоњини му одржа лекција на Рафаел Надал и тоа на Мастерс турнирот кој 11 пати бил освојуван од некогаш најдобриот тенисер во светот. Италијанскиот тенисер го одигра еден од најдобрите мечеви во кариерата и со 6:4, 6:2 го победи Надал, за место во финалето на турнирот во Монте Карло. Противник на Фоњини за трофејот ќе биде Душан Лајовиќ кој претходно беше подобар од Данил Медведев со 7:5, 6:1.

Надал кој во изминативе 10-тина години го доби прекарот за „Крал на земјена подлога“, едноставно денеска немаше решение за Фоњини. Италијанецот го доби првиот сет со 6:4, а во вториот следуваше вистинско шоу. Фоњини водеше со 5:0 во гемови, имаше и 40:0, но не успеа да искористи три меч топки за „метла“ во вториот сет. Надал ги освои следните два гема, но потоа Фоњини рутински го приврши мечот до крај, за победа по еден час и 36 минути игра.

Фоњини е прв италијански тенисер кој стигнал до финалето на Мастерсот во Монте Карло за прв пат по 1977 година, кога во финалето играше Корадо Барацути.

 

- Оглас -

Најнови вести