Формула 1 се враќа во јули, осум трки добија термини

Формула 1 го објави календарот за 2020 година, на 5 јули почнува новата сезона со трката за Големата награда на Австрија. На истата патека „Ред бул ринг“ седум дена подоцна ќе се одржи втората трка според календарот, а за 19 јули е предвидена трката за Големата награда на Унгарија.

Потоа ќе следува двонеделна пауза, па две трки едноподруго ќе се одржат и во Велика Британија, на патеката „Силверстоун“, на 2 и 9 август. Барселона ќе ги вгости возачите на Формула 1 на 16 август, белгиското Гран-при е резервирано за 30 август, додека во Италија трката ќе се одржи на 6 септември.

За остатокот од сезоната допрва ќе се преговара и ќе се прави план според тоа како ќе се одвива ситуацијата со корона-вирусот. Како и во фудбалот, присуството на навивачи ќе биде забрането на трките.

- Оглас -

Најнови вести