Фотографија од кошмарите за Барселона

На пријателската средба помеѓу Наполи и Ливерпул одиграна вчера попладне во Единбург, екипата на Елиф Елмас победи со убедливи 3-0. Еден фоторепортер „улови“ заедничка фотографија на двајца фудбалери кои имаат нешто заедничко – ја елиминираа Барселона од Лигата на шампионите во последните две сезони.

Манолас и Ориги заедно на слика? Вистински кошмар за Барса. Навивачите на овој тим не би сакале да ги видат нивните душмани ниту еден по еден, а камоли заедно.

Гркот Константинос Манолас во 2018 година го даде третиот гол за Рома, со кој „римската вочица“ ја совлада Барса со 3-0 и на тој начин ги исфрли Каталонците откако тие во Вечниот Град дојдоа со предност од 4-1. Летово Манолас од Рома премина во Наполи, па вчера имаше дуели со Дивок Ориги.

Белгиецот Ориги на пријателските мечеви беше прва опција на Ливерпул во нападот, во отсуство на ударното трио. Ориги во минатата сезона грееше клупа, но по повредата на Мохамед Салах, доби прилика да игра на реваншот од полуфиналето на ЛШ против Барселона и таму даде два гола во неверојатниот триумф од 4-0, по кој Црвените влегоа во финалето.

- Оглас -

Најнови вести