Натпреварите од Европското ракометно првенство продолжуваат со второто коло од главната рунда во групата „1“. На трите меча има јасно изразени фаворити, а тоа се Франција, Данска и Германија.
Французите по поразот од домаќинот Данска, попладнево за противник ја имаат Португалија со квота за победа од 1.30.
Најголеми фаворити се токму Данците со квота од 1.17, кои играат против Шпанија и мора да победат за да продолжат да се надеваат на пласман во полуфиналето.
Денешната програма ја затвораат Германија и Норвешка, а токму Германците се фаворити со квота од 1.45.
Специјалната ракометна понуда во Sport Life содржи стотици игри на ракометарите со играта „плус-минус“ голови, како и на статистичките елементи, а комплетната понуда може да ја најдете на следниов ЛИНК.




