Франција и Норвешка имаат ист рецепт – Со пенали до три бода

Селекција на Франција со минималната победа од 1-0 над  Нигерија го потврди пласманот во нокаут-фазата од Светското првенство за жени. Домаќинките со максимален учинок од три победи го осигурија првото место во групата А, додека репрезентацијата на Нигерија остана со три бода и ќе го чека конечниот исход во табелата на третопласирани.

Французинките со погодокот на Ренар од белата точка во 78-мата минута дојдоа до посакуваниот триумф.

Во исто време се играше и вториот дуел од групата А, во кој Норвешка со 2-1 славеше против Јужна Кореја и како второпласирана селекција ќе игра во нокаут-фазата. Норвежанките до клучниот триумф стигнаа со погодоци постигнати од пенал. Прво Хансен ја затресе мрежата во четвртата минута, а непосредно по стартот на второто полувреме од белата точка погоди и Херловсен. Почесниот гол за Кореја го постигна Јео Мин во 78-мата минута.

Репрезентативките на Јужна Кореја без победа го завршуваат Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести