Франција ја оствари најубедливата победа во историјата на квалификациите, Романија и Швајцарија обезбедија пласман на ЕП (Видео)

Франција вечерва испиша историја остварувајќи ја наубедливата победа во квалификациите за Европските првенства. Триколорите со неверојатни 14:0 го совладааа Гибралтар и го подобрија рекордот кој го држеше Германија која во 2006 година, со 13:0 го победи Сан Марино.

Французите дебаклот на Гибралтар го најавија уште по првото полувреме во кое дадоа седум гола, а на крајот дури десет фудбалери се запишаа во листата на стрелци.

Селекциите на Романија и Швајцарија обезбедија пласман на Европското првенство кое идната година ќе се игра во Германија, додека Франција и се приклучи на Германија и ги имаат најубедливите победи во историјата на квалификациите за ЕП.

Швајцарија ремизира 1:1 против Косово, но и бодот и беше доволен за да обезбеди пласман на ЕП во Германија. Швајцарците со 17 бода се втори на табелата, но пред последното коло имаат пет бода повеќе од Израел.

Романија со триумфот од 2:1 над Израел е лидер во групата со 19 бода.

Швајцарија поведе со голот на Варгас на стартот од второто полувреме, но во финишот, Хусени го израмни резултатот.

На дуелот меѓу Израел и Романија, првите два гола беа постигнати во првите десет минути. Израелците поведоа преку Захави во втората минута, но Романија израмни преку Пускаш во 10-та минута. Победата на Романија и ја донесе Хаџи во 63-та минута.

Сигурен пласман на ЕП обезбеди и Холандија која на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам благодарение на голот на Вут Вергхорст во 12-та минута ја совлада Република Ирска.

Холандија по седум меча има 15 бода, три повеќе од Грција, но во последното коло од квалификациите игра против Гибралтар и никој не верува дека нема да дојде до победата.

 

Резултати 

Група Б
Франција – Гибралтар 14:0
Холандија – Република Ирска 1:0
Табела: Франција 21, Холандија 15, Грција 12, Р. Ирска 6, Гибралтар 0.

Група Д
Ерменија – Велс 1:1
Летонија – Хрватска 0:2
Табела: Турција 16, Хрватска 13, Велс 11, Ерменија 8, Летонија 3.

Група И
Белорусија – Андора 1:0
Израел – Романија 1:2
Швајцарија – Косово 1:1
Табела: Романија 19, Швајцарија 17, Израел 12, Косово 11, Белорусија 9, Андора 2.

- Оглас -

Најнови вести