Франција може да состави пет тима и со сите да игра на ЕП (Фото)

Франција вечерва игра против Андора, а прашање е само со колку голови разлика Галските петли ќе победат. По пет кола, Франција е лидер со 12 бодови во групата, додека Андора е последна со пет порази и ниту еден даден гол. Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, има слатки маки за тоа кои играчи ќе ги повика во националниот состав. Галските петли може да состават дури пет различни состави од играчи кои би можеле да бидат дел од репрезентацијата и да играат во квалификациите.

Од сите оние квалитетни играчи кои ги има Франција, направен е список од 55 фудбалери, на којшто се најдоа оние најдобрите, нивните замени, но и играчи кои едноставно не може да припарат во селекцијата поради големата конкуренција и млади, нови надежни играчи.

 

- Оглас -

Најнови вести