Инспектори од француската финансиска полиција извршија претрес вопросториите на Органицискиот одбор на Олимписките игри кои ќе се одржат идното лето, како и во компаниите кои се влкучени во подготовките за свечената церемонија на отворање на Игрите.
Ова е вторпат финансиската полиција да упадне во просториите на Организацискиот комитет, првпат тоа го стори пред четири месеци, а причина за денешниот упад е фаворизирањето на одредени компании при потпишувањето на договорите поврзани со Олимписките игри.
„Потврдуваме дека претставници на финансиската полиција упаднаа во нашите простории и ги добија сите информации кои ги бараа. Париз 2024 во целост соработува со полицијата“, соопшти ОК на ЛОИ во Париз 2024.
Полицијата исто така извршила претрес и во домовите на главниот извршен директор на ЛОИ 2024, Етиен Тобоа, и на оперативниот извршен директор, Едуар Донели.