Французите не можеа да им дадат гол на Канаѓаните, Италија со тесна победа замина на ЕП

Франција ги разочара своите фанови пред Европското првенство, тимот кој во нападот ги има Мбапе, Жиру, Гризман, Коло Муани, Дембеле, Турам, не успеа да даде гол и одигра само 0-0 против Канада.

За Килијан Мбапе се најавуваше дека нема да игра поради повреда, но беше на клупата и влезе на 15 минути до крајот. Сепак, Триколорите потфрлија и ќе мора да ја поправат реализацијата доколку планираат да стигнат до титулата на ЕВРО 2024.

Од другите фаворити, Италија ја победи Босна и Херцеговина со минимални 1-0, стрелец беше Фратези, па Аѕурите во попозитивно расположение заминуваат за Германија.

- Оглас -

Најнови вести