Французите се жалат, третиот гол на Аргентина требало да биде поништен?!

Француски „Лекип“ објави една фотографија на која се гледа како двајца аргентински резервни играчи се во терен една секунда пред Лионел Меси да го даде голот за 3-2 и тврдат дека тоа е прекршување на правилата и голот требало да биде поништен.

Многумина ова го толкуваат како „плачење“ на поразениот финалист, но интересно е дека правилата на фудбалската игра на ФИФА потврдуваат дека голот можело да биде поништен ако четвртиот судија или судиите во ВАР-собата забележеле и пријавеле дека има аргентински играчи на терен, а не смееја да бидат таму.

Иако тие се на 40 метри од топката и никако не влијаат на акцијата, ако судиите стриктно ги почитувале правилата, голот можело да биде поништен.

- Оглас -

Најнови вести