Саботниот дуел меѓу Валвијк и Венло заврши со конечни 2-1 во корист на гостите, меѓутоа ѕвезда на средбата не беше ниту еден од фудбалерите кои истрчаа на теренот.
Во пресрет на стартот на мечот, петгодишно дете ја доби честа да ја фрли паричката со која се одредува на кој тим ќе му припадне првиот напад. Но, наместо да ја фрли нагоре, како што прават судиите, тој ја фрли најдалеку што може и експресно ги освои симпатиите со својот сладок потег.
🇳🇱 Petition to get this lad to carry out all future coin tosses.
MOTM performance from RKC Waalwijk vs. VVV Venlo on Saturday night. 😂
🎥: @FOXSportsnl pic.twitter.com/sb6tZ83wvy
— FotMob (@FotMob) January 27, 2020