ЦИЕС објави: Интер ќе го освои Скудетото, Сити нема конкуренција во Англија, а Џани ќе му ја лапне титулата на Барди во Турција

Фудбалската опсерваторија за статистка, популарниот ЦИЕС, објави предвидувања за сезоната што почна за 23 фудбалски лиги во Европа.

Во анализата има и комплетен распоред на табелите што според ЦИЕС ќе бидат актуелни на крајот на сезоната, а и вие на ОВОЈ ЛИНК можете да проверите кои екипи ќе бидат нови шампиони во 2022/23 во 23 лиги во Европа.

Македонското првенство со сите проблеми и непарен број екипи, а ги има 11 поради откажувањето на Ренова, непосредно пред стартот на шампионатот го нема на листата на ЦИЕС, што покажува до каде ни е клупскиот фудбал во Европа.

Стручњаците за фудбалска статистика предвидуваат дека Манчестер сити ќе ја одбрани титулата во Англија пред Ливерпул, што би значело дека ист би бил распоредот како во ланската сезона.

И во Шпанија ќе нема промени, па според ЦИЕС, Рел Мадрид останува првак пред Атлетико и Барселона.

Во Италија Скудетото останува во Милано, но според фудбалската опсерваторија, ќе го освои Интер, пред Милан, Наполи и Јувентус.

Баерн ќе прокнижи уште еден пехар, а зад Баварците во Бундеслигата ќе бидат Борусија Дортмунд и Лајпциг.

И во Франција ќе нема ништо ново, ПСЖ пак ќе доминира и ќе ја одбрани титулата пред Монако, Марсеј и Лион.

Интересно би требало да биде во Турција и таму според ЦИЕС, на титула ќе се радува Езџан Алиоски со Фенербахче, пред актуелниот шампион Трабзонспор, за кого игра Енис Барди.

Во Србија и Хрватска ќе нема промени од лани и повторно Црвена ѕвезда и Динамо Загреб ќе бидат пред вечните ривали Партизан и Хајдук.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести