Фудбал во магла – Еврогол на Кирикеш и спас во последен час за Сасуоло (Видео)

Торино беше на прагот да го изненади Сасуоло на „Мапеи“во тешки услови во меч што се играше на густа магла, имаше предност од 3:1 на десет минути до крајот, но домаќините се спасија и ремизираа 3:3.

Романскиот репрезентативец Влад Кирикеш со еврогол во 84. минута најави спас за Сасуоло, а со гол реми на домаќините им донесе најдобриот стрелец Капуто.

Гостите подобро се снајдоа во чудни услови за игра до самиот финиш и со головите на Линети, на Белоти и на Лукиќ направија предност од два гола за 1:3, но не издржаа.

За Сасуоло погодија Ѓуричиќ, Кирикеш и Капуто, доволно за да се сочува серијата без пораз во првенството.

Торино не успеа да ја прекина серијата без победа на четири меча, но го освои првиот бод во Серија А.

Сасуоло остана на второто место со 11 бода, зад лидерот Милан, кој има максимален учинок по четири одиграни натпревари со 12 бода.

- Оглас -

Најнови вести