Фудбалер брутално нокаутираше судијка и тоа со удар од зад грб (Видео)

На меч меѓу Гарменсе и Депортиво Индепеденција во една од пониские лиги во Аргентина, се случи срамен инцидент.

Еден од фудбалерите на домашната екипа ја нападна главната судијка на мечот, Далма Магали Кортади. Играта беше на средината на теренот, кога судијката досуди фаул за гостите, што го направи Кристијан Тироне.

Фудбалерот негодуваше, настана мешаница, па судијката со цел да ја смири ситуацијата, подели два жолти картони. Тоа дополнително го разгневи Тироне, кој кукавички од зад грб со бокс ја удри судијката во глава.

Од силината на ударот, Далма падна на земја, а напаѓачот сакаше и дополнително да се пресмета, но за среќа прво беше сопрен од останатите фудбалери, а потоа реагираше и полицијата и сега му следува кривична пријава.

„Мечот беше мирен и ништо не се случуваше. Домаќините водеа со 2:1, а фудбалерот го направи тоа поради еден обичен фаул. Завршив во болница поради ударот во глава. Имам и неколку гребатини по рацете. Поднесов пријава за напад на работно место. Сега е најважно правдата да стигне и овој човек веќе никогаш да не заигра фудбал“, рече нападнатата судијка Далма Кортади.

- Оглас -

Најнови вести