Фудбалер е казнет со 1.200 долари затоа што ја бакнал топката

Аргентинскиот фудбалер Серхио Лопес, кој настапува за еквадорскиот клуб Аукас, казнет е парично со 1.200 американски долари затоа што популарниот Негро (Црниот) ја бакнал топката со која се играл мечот на Аукас против Макара во петокот.

Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Еквадор му изрече казна за неговиот потег бидејќи бакнувањето на топката се крши со правилата за превенција од ширење на корона-вирусот. Лопес е првиот фудбалер во Еквадор, а веројатно и пошироко, кој е казнет за бакнување топка.

Еквадорската лига пет месеци беше прекината поради пандемијата, а откако продолжи сезоната, петмина играчи беа казнети со по 1.200 долари за менување на дресови, што исто така е забрането. Во Еквадор има над 6.600 починати од корона-вирусот и 114.000 заразени.

- Оглас -

Најнови вести