Несекојдневна случка од фудбалски натпревар од Купот на Перу стана хит на социјалните мрежи.
Играчот на Атлетико Авахун, Себастијан Муњоз, доби директен црвен картон затоа што уринираше покрај теренот додека чекаше да изведе корнер. На Муњоз не му се чекаше да заврши мечот и паузата поради укажување на лекарска помош на противничкиот голман ја искористи за да се испразни покрај корнер-знаменцето.
Телевизискиот коментатор беше шокиран од глетката и рече дека Муњоз е „луд“ и дека ова што го прави е недозволено.
За несреќа на Муњоз, и судијата го виде како врши нужда и веднаш го исклучи.
https://twitter.com/i/status/1825262935167717431