Фудбалер на Барселона снима како гори ридот пред неговата куќа (видео)

Жителите на Барселона кои живеат во луксузната населба која се наоѓа во непосредна близина на ридот Колсерола беа изненадени од пожарот кој пламна во шумата. Миралем Пјаниќ, фудбалерот на Барса, живее блиску до шумата и од својот дом ја сними целата ситуација.

Како што известуваат шпанските медиуми, дури 19 пожарникарски тима по неколкучасовна битка го спречиле ширењето на пожарот, а добро е што нема жртви, ниту материјална штета, иако катастрофата се случуваше блиску до куќите.

- Оглас -

Најнови вести