Фудбалер на Брајтон мора предвреме да ја заврши кариерата

Фудбалерот на Брајтон, Енок Мвепу мора да ја заврши кариерата на 25 години поради проблеми со срцето.

Мвепу има ретка срцева мана поради која мора мора предвреме да ја заврши кариерата. Интернационалецот од Замбија, во 2021 година пристигна во Брајтон откако претходно четири години помина во екипата на Ред Бул Салцбург. Досега за премиерлигашот одигра 24 натпревари и постигна два гола.

„Тој и неговото семејство имаа шокантни недели и сите сме благодарни што конечно помина тој период. Енок имаше ветувачка кариера која мора да ја прекине. Ние како клуб ќе му ја дадеме целата поддршка, помош и љубов за целосно да се опорави и самиот тој ќе одлучи кои ќе му бидат следните чекори во кариерата“, изјави првиот човек на Брајтон, Тони Блум.

Енок Мвепу почувствувал болки додека патувал кон татковината за да и се приклучи на репрезентацијата. Откако поминал одреден период во болница во Мали, Мвепу се вратил во Брајтон каде направил кардиолошки прегледи, а тестовите покажале дека фудбалерот има срцева мана која не му дозволува да ја продолжи кариерата.

- Оглас -

Најнови вести