Фудбалер на Сампдорија бегал од полиција и го „парчоса“ автомобилот (фото)

Сообраќајна несреќа која можеше да биде кобна за Грегоар Дефрел. фудбалерот на Сампдорија. Локалната полиција во Џенова вчера го бркала низ улиците на градот, а тој во пијана состојба се обидел да ги избегне, по што се заби со својот автомобил (Мерцедес c63 AMG, најмалку вреден 100.000 евра) во неколку паркирани возила. Штетата на возилото е голема, но поважно е што Дефрел минал без последици.

Откако полицијата пристигнала на местото на случајот, веднаш му направиле алкотест, кој покажал големо количество алкохол во него, а потоа бил приведен во најблиската полициска станица. Исто така, веднаш му ја одзеле возачката дозвола, а Дефрел сега го чека казна од клубот, покрај тоа што ќе треба да се соочи и со прекршочна казна од страна на полицијата.

 

 

- Оглас -

Најнови вести