Фудбалер на Селтик тргна да влезе во игра со слушалки во ушите (Фото)

Катастрофалната ситуација со корона-вирусот во редовите на Селтик придонесе тимот синоќа против Хибернијан да игра со комбиниран состав со повеќе младинци, а еден од тие млади момци кои добија шанса да заиграат е 18-годишниот Армстронг Око-Флекс, и тоа веднаш стана популарен, иако не одигра импресивно.

Резервистот на Селтикс стана хит бидејќи во подготовката да влезе во игра, ги заборави слушалките во уши.

Око-Флекс преку слушалките ги добивал последните совети од тренерот Нил Ленон, кој не ја водеше екипата бидејќи е дома во изолација. Употребата на технологијата не помогна премногу, некогашниот младинец на Арсенал не одигра ништо посебно, но барем дебитираше во шкотската Премиер лига.

Селтик одигра само 1-1, примајќи гол во судиското продолжение. Сега Селтик е на 21 бод негатива зад вечниот ривал Ренџерс, но Селтик има и три меча помалку.

- Оглас -

Најнови вести