Фудбалер на Севилја со автомобил уби брачен пар на денот на нивната свадба

Младиот мексикански фудбалер Жоао Малек, кој игра во вториот тим на Севилја, вчера предизвика сообраќајна несреќа со смртни последици. Малек го возел Мустанг со брзина која била многу поголема од дозволената (162 км/ч), кога неочекувано удрил во автомобил, во кој биле брачен пар, кои завчера се венчале, а вчера требало да ја прават свадбената веселба.

Од силината на ударот, автомобилот на брачниот пар се преполовил на два дела, а на место на страдале 33-годишниот младоженец Алехандро и неговата седум години помлада сопруга Марија. Тие имале две деца.

„Воопшто не се обиде да закочи“, вели еден очевидец на страшната несреќа.

Иако официјално нема потврда, фудбалерот бил пијан, а во несреќата поминал со лесни повреди, исто како и неговиот пријател кој бил со него во автомобилот.

Официјалната истрага за оваа несреќа е во тек и во следните денови треба да се знае дали Малек ќе одговара за смртта на двајцата сопружници. Веројатно Малек бил под дејство на алкохол.

Таткото на Малек е екс камерунски фудбалер кој во 1998 потпиша за мексикански клуб, па затоа и Жоао е роден таму во 1999 година. Малек е младински репрезентативец на Мексико (не беше повикан за неодамнешното СП во Полска), а спомнат е и во книгата на еден чилеански новинар кој напиша книга, барајќи го низ светот новиот Меси.

Малек и неговиот пријател кој бил на совозачкото место, минале само со полесни повреди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести