Чуамени за инцидентот со Валверде: Имаше нешто, но не тепачка, се пишуваа пренадувани глупости

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид и француски репрезентативец, Орелиен Чуамени, го коментираше неодамнешниот конфликт со соиграчот Федерико Валверде.

Три дена пред натпреварот против Барселона, играчите имале сериозна расправија за време на тренингот, што резултираше со повреда на главата на уругвајскиот играч од средниот ред. Двајцата играчи беа парично казнети, а Чуамени играше на натпреварот против Каталонците.

Нешто се случи, но немаше тепачка, не е вистина дека сум го удрил. Нема да навлегувам во детали. Но, тоа стигна до медиумите каде имаше многу глупости и пренагласени работи, а ние играме во Реал Мадрид и тоа предизвика силна реакција. Многу работи можат да се случат во соблекувалната, а не треба да станат јавно познати. Животот продолжува. Феде и јас ја делиме истата цел – освојување титули за Реал Мадрид. Што се однесува до мене лично, во моментов немам проблеми со него“, рече Чуамени.

- Оглас -

Најнови вести